Услови за користење

Овие Услови за користење имаат за цел да ги објаснат и определат правата и обврските помеѓу Наносторм Македонија ДООЕЛ (во понатамошниот текст: Наносторм Македонија) како давател на услуги и Вие како корисник на услуги (во понатамошниот текст: Корисник). Ве молиме прочитајте ги внимателно.

Вовед

Овие Услови за користење се обрзувачки за Корисникот при секое користење на услугите и содржините од веб-сајтот или дугите on-line аппликации и решенија на Наносторм Македонија.

Со креирање на корисничка сметка Корисникот потврдува дека ги прочитал и разбрал овие „Услови за користење“ и се согласува со истите.

Корисничка сметка

За да пристапите и за да ги користите услугите и сервисите на Наносторм Македонија потребно е да креирате корисничка сметка. Постапката за креирање на кориснички прифил се спроведувате преку процесот на регистрација. Корисникот е одговорен да внесе точни податоци за регистрација како истата би била успешна.

Корисникот е должен да води грижа за безбедноста на своето корисничко име и лозинка. За било какво користење на корисничкото име и лозинка од страна на трети лица Наносторм Македонија нема да сноси никаква одговорност, ниту да сноси никакви последици од такви акции.

Пристап до Веб-сајтот и online услугите на Наносторм Македонија

Наносторм Македонија го задржува правото да одбие да реализира, дава, овозможува услуги на Корисникот доколку истиот ги прекрши условите за користење, или да прекине со давање на услугите на Корисникот во било кое време и од било која причина. За платени услуги Корисникот и Наносторм Македонија ќе се согласат на посебни услови и обврски.

Наносторм Македонија има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на Веб-сајтот и online услугите, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на Веб-сајтот и online услугите.

Употреба и користење на Веб-сајтот и online услугите на Наносторм Македонија

Корисникот сам си ја обезбедува и оддржува опремата потребна за користењето на Веб-сајтот и online услугите на Наносторм Македонија.

Доколку Наносторм Македонија согледа дека Корисникот несовесно ги користи овозможените услуги има право без претходно предупредување да прекине со давање на услуги на Корисникот.

Податоците кои се генерирани од страна на Корисникот се во сопственост на Корисникот. Наносторм Македонија не смее да публикува во дел, или во целост податоци креирани од страна на корисникот, освен доколку корисникот одобри (дозволи или побара) дел од податоците да бидат споделени со други корисници кои имаат корисничка сметка на Веб-сајтот и online услугите на Наносторм Македонија.

Наносторм Македонија никако не може да одговара за податоците внесени во системот од страна на Корисникот, без разлика на нивниот тип, вид или цел. Податоците се во целосна сопственост на Корисникот и тој материјално и нематеријално одговара за своите податоци (текстови, слики, други бинарни датотеки).

Корисникот се обврзува дека нема да проба на било кој начин (со вируси, SQL Query Injection напади и било кој друг начин на напад) наштети на Веб-сајтот и online услугите кои ги овозможува Наносторм Македонија.

Корисникот се обврзува да не го користи Веб-сајтот и online услугите на Наносторм Македонија за дела кои се против законски.

Секоја настаната штета на страна на Корисникот е на негова одговорност. Наносторм Македонија се оградува од било каква одговорност за штети настанати со користење на Веб-сајтот и online услугите на Наносторм Македонија.

Платени услуги

Корисникот и Наносторм Македонија ќе се сложат на додатен договор за платените услуги. Доколку во новиот договор не е поинаку специфицирано, сите точки, од овие услови остануваат да важат и кај платените услуги.

Содржина на трети лица

Корисникот е свесен доколку добие содржина (податоци, текстуални, слики, други бинарни датотеки) од трети лица Наносторм Македонија не може да има никакво влијание ниту да сноси било каква одговорност за таа содржина.

Маркетинг

Наносторм Македонија го задржува правото да на Веб-сајтот и online услугите постави реклами од трети страни (правни и физички лица).

Корисникот е согласен дека Наносторм Македонија смее да користи и испраќа анононимни податоци на сервиси за анализа за интернет сообраќај (пример: Google Analytics) и истите анонимни податоци (кои не се дел од податоците генерирани од страна на Корисникот) да го користи во цели како подобрување на услугите и/или зголемување на бројот на корисници на системот.

Приватност

Наносторм Македонија на својот Веб-сајт и online услугите кои ги нуди користи cookies. Корисникот потврдува дека е согласен со овој услов.

Наносторм Македонија е должен да се грижи за приватноста на своите корисници и нивните податоци.

Корисникот потврдува дека Наносторм Македонија смее да ги складира податоците на тврд диск, во база на податоци и/или друг медиум со цел овозможување на услугата. Наносторм Македонија не смее да ги споделува податоците кои се генерирани од страна на Корисникот со трети лица без експлицитна согласлност на Корисникот. Наносторм Македонија смее да побара одобрение во писмена форма доколку Корисникот бара дел или податоците во целост да бидат предадени на трето лице.

Наносторм Македонија има право да ги даде податоците на органите за безбедноста на Република Македонија по налог на судските органи на Република Македонија.

Безбедност на податоци

Корисникот треба да се грижи за копија од своите податоци. Наносторм Македонија не гарантира дека во исклучителни ситуации не може да настане губење на податоци. Наносторм Македонија нема да сноси никакви последици доколку дојде до губење на податоци на Корисникот со користење на Веб-сајтот и online услугите на Наносторм Македонија.

Ограничување на одговорноста

Наносторм Македонија, неговите вработени, соработници или други лица кои делуваат во име на Наносторм Македонија во никој случај не се одговорни за директна или индиректна штета, загуба на профит, загуба на приходи, губење на принципи на добра волја, губење на некој софтвер или податоци, губење на можности, губење на користење на компјутерска опрема или за какви било последователни или специјални загуби кои произлегуваат или се поврзани со: користење на Веб-сајтот, содржината, onine услугите и сервисите; вашата неможност да го користите Веб-сајтот и online услугите; промена или отстранување на содржина поставена на Веб-сајтот и/или други околности.

Наносторм Македонија го задржува правото во секое време да врши измени и дополнувања на овие Услови за користење. Измените и дополнувањата ќе стапат во сила со нивното објавување на нашиот Веб-сајт или во некоја од online услугите. За секоја промена на Условите за користење, Наносторм Македонија ќе ги извести своите корисници преку објава на Веб-сајтот или преку е-пошта. Ќе се смета дека Корисникот се согласува со измените на Условите за користење доколку истиот продолжи да ги користи услугите и сервисите на Наносторм Македонија по испратеното известување.